Утрински Весник
Македонија

Претседателот на бугарскиот клуб: Го избравме името по последниот бугарски цар, тој е важен за нас

Претседателот на бугарскиот клуб: Го избравме името по последниот бугарски цар, тој е важен за нас

Претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Томе Блажески, смета дека нема ништо спорно во името. Иако пред седиштето има револтирани граѓани што протестираат и сметаат дека е спорно овој клуб да биде именуван по цар што бил на чело на бугарската држава за време на Втората светска војна и окупацијата на Југославија, а во нејзини рамки и на Македонија, за претседателот нема никаков проблем.

dobivaj vesti na viber

„Ние кажавме дека немаме никакво фашистичко движење или неонацистичко. Доколку имаме во иднина, може да ни суди државата. Ние го избравме името по последниот цар на Бугарите. Тој е важен за нас. Ние сме почитувачи на ликот и делото. Се политизира целата работа“, посочи претседателот на клубот.

Тој додава дека во клубот ќе се промовира културата на бугарскиот народ и на Бугарите во Македонија.

„ Ништо лошо не сме направиле. Регистриравме здружение во согласност со законот. Ние легално сите документи ги имаме дадено до државата Република Македонија. Никогаш не сме направиле ништо лошо против нашиот народ или државата. Тоа е наша држава, наш град. Тука живееме“, додаде тој.

Можете да прочитате

ЛДП: Наместо еднаков третман за сите, Владата прави унгарски монопол на авиосообраќајот со македонски субвенции и се фали со тоа

ВЛЕН: Груби пред судот, Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ 

ДУИ: Четири месеци молк од Бурим Латифи за штетата од 19,3 милиони евра – до каде стигнаа Обвинителството и Антикорупциска со скандалот во МЕПСО