Утрински Весник
Спорт

Куп: Струга ТЛ го елиминира Работнички, убедливи беа Шкендија, Вардар, Шкупи и Академија Пандев

Куп: Струга ТЛ го елиминира Работнички, убедливи беа Шкендија, Вардар, Шкупи и Академија Пандев
Img 5587

Фудбалерите на Струга Трим Лум го елиминираа Работнички во осминафиналето на Купот на Македонија. Стружани со пресврт победија со 2:1 и се пласираа во четврт-финалето.
Крсте Велкоски од пенал обезбеди водство за „романтичарите“ во 14.минута, а во 70.минута пенал не реализира Бесарт Ибраими, но Работнички остана со играч помалку.

dobivaj vesti na viber

Во 76.минута Христијан Малески израмни, а Зија Мерџани во 82.минута обезбеди пресврт и триумф за Струга Трим Лум. Во завршницата и Бошковски доби црвен картон за Работнички.

Ss1

Академија Пандев беше уште најубедлива и со 9:0 го совлада Љуботен. Вардарци со 4:0 беа поуспешни од Фортуна, а Шкупи со 6:0 ја победи Воска. Фреди Алварез го постигна првиот гол, потоа двојни стрелци беа Сандеј Адетунџи и Ардит Насуми, а погоди и Хамиди.

Шкендија го победи Скопје со 5:0. Аденис Шала го отвори резултатот, Влатко Стојановски од пенал зголеми на 2:0, а стрелаа и Љупчо Дориев, Решат Рамадани од пенал и Флорент Рамадани.

Брегалница со голот на Ѓорѓи Ѓорѓиев во 64.минута, со ножички, успеа да го елиминира Пелистер совладувајќи го со 1:0, а Силекс со идентичен резултат славеше против Тиквеш во Кавадарци.

Последниот осминафинален меч меѓу Победа и Македонија ЃП ќе се одигра на 19 октомври.

Ss1

Можете да прочитате

Срамно скандирање и недолични гестови на Олд Трафорд

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако сум конкурентен и ако телото ме слуша

Лејкерси го уништија Денвер, не помогна ниту трипл-даблот на Јокиќ