Утрински Весник
Спорт

Челси на лето тргнува по Рафаел Леао

Челси на лето тргнува по Рафаел Леао
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Доаѓањето на офанзивецот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, на „Стемфорд бриџ“ е практично завршена работа, а со него во Премиерлигата би заминал и неговиот соиграч, хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол. Сепак, главната цел на Челси следното лето фудбалер од Серија А.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува италијански „Кориере дела сера“, Челси летово се распрашувал за Португалецот од Милан, Рафаел Леао, а следното лето би требало да тргне во тотална офанзива за да го доведе во Лондон.

Леао минатата сезона беше прогласен за најкорисен играч во Серија А и е најзаслужен што Милан го освои „скудетото“. Неговиот договор со „росонерите“ истекува во јуни 2024 година и тој сигурно нема да го напушти „Сан Сиро“ за отштета помала од 100.000.000 евра.

Брзоногиот напаѓач пристигна во Милано во 2019 година од Лил за нешто помалку од 30.000.000 евра и експлодираше во Италија. На 124 натпревари за „росонерите“ постигна 31 гол со 28 асистенции, а оваа сезона веќе 11 пати беше стрелец.

Можете да прочитате

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата