Утрински Весник
Магазин

Ким Кардашијан плати казна од 1.3 милиони долари за рекламирање криптовалута

Ким Кардашијан плати казна од 1.3 милиони долари за рекламирање криптовалута

Ким Кардашијан рекламираше сè, од лижавчиња што го сузбиваат апетитот до ликер со вкус на диња и тоалетна хартија, но нејзиното упаѓање во матниот свет на криптовалути ја стави во неазвидна ситуација.

dobivaj vesti na viber

Реалити ѕвездата и претприемач прифати да ја реши тужбата за незаконско рекламирање на крипто-хартии од вредност и да плати 1.26 милиони долари казна и оштета, соопшти американската Комисија за хартии од вредност во понеделникот.

Кардашијан, која има 330 милиони следачи на „Инстаграм“ и 73.7 милиони следбеници на „Твитер“, не откри дека крипто компанијата EthereumMax ѝ платила 250.000 долари за да сподели објава на „Инстаграм“ за своите EMAX токени, соопшти Комисијата.

Комисијата во ноември 2017 година ги предупреди познатите личности кои сакаат да заработат на просторот на дигитален имот дека правилата на САД бараат да обелоденат кога им се плаќа да поддржат криптотокени.

Оттогаш, гонеше неколку други познати личности, вклучително и акционата ѕвезда Стивен Сигал, музичкиот продуцент Диџеј Калед и боксерот Флојд Мејведер Џуниор поради кршење на тоа правило, но Кардашијан е веројатно една од најистакнатите.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста