Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: Ковачевски е жив фатен во центарот на аферата Броило и соларен картел тежок 26 милиони евра

(Видео) Лефков: Ковачевски е жив фатен во центарот на аферата Броило и соларен картел тежок 26 милиони евра

„Аферата Броило на Ковачевски зазема димензии од десетици милиони евра кога дезертерот Ковачевски доаѓа на позицијата премиер. Денес објавуваме нови сознанија која е основата на соларниот картел создаден преку исклучителна трговија со влијание злоупотребувајќи државни позиции и функции“ рече на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

dobivaj vesti na viber

Лефков вели дека „сомневањата се дека Ковачевски и кумот формирале приватна фирма за производство на фотоволтаици за да продаваат на државната ФЕЦ Осломеј. Односно, Кумот и Ковачевски формираат компанија, а државата обезбедува милионски бизнис“.

„8 месеци по седнувањето на Ковачевски на премиерското столче, на 24.08.2022 година, од него основаната Пиксел груп основа фирма за изградба на фабрика за фотоволтаични панели во ТИРЗ Тетово заедно со бугарската фирма АЕ Солар Хорајзон од Софија, под името АЕ Солар АД Тетово. АЕ Солар АД Тетово, според написите во медиумите е инвестиција во висина од 54 милиони евра. Во неа уделот на фирмата основана од Ковачевски е 40%, делот кој таа според ова ќе го инвестира во фабриката е 21.6 милиони евра“ рече Лефков.

Тој посочи дека „за извршен член на одборот на директори е именуван кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, а за неизвршен член на одборот на директори, Мирјана Паунова, негова сопруга, кума на Ковачевски“.

„Ковачевски е жив фатен во центарот на аферата Броило и соларен картел тежок 26 милиони евра. Тој нема повеќе легитимитет да ја извршува премиерската функција и треба веднаш да си поднесе оставка“ потенцира Лефков.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ