Бројот на загинати од ураганот Ијан во Флорида и Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови по втор пат пребаруваат десетици илјади домови и деловни објекти на брегот на Тихиот Океан за да најдат преживеани, јавуваат светските агенции.
Службите за итни случаи пребарале околу 45.000 имоти откако Јан ја погоди Флорида минатата среда.
Директорот на Спасувачките служби на Флорида, Кевин Гатри, изјави дека секоја адреса била пребарана темелно и многу брзо и дека спасувачите сега почнуваат повторно да ги пребаруваат сите структури за да најдат преживеани,пренесе Танјуг.