Утрински Весник
Свет

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО
Ss2

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови колеги од Централна и Источна Европа за поддршка на интегритетот на Украина и нејзиниот прием во НАТО.

dobivaj vesti na viber

Документот со кој се осудува припојувањето на нови украински територии кон Русија го потпишаа претседателите на Романија, Чешка, Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора и Словачка.

Ss1

Шефот на државата Румен Радев не се согласува со целосниот текст на декларацијата усвоена од некои источноевропски земји за членството на Украина во НАТО. Тој ги поддржува другите позиции содржани во документот“, се вели во соопштението од Бугарија, информира БТА.

Во него се наведува дека Бугарија е дел од декларацијата од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година за идниот пристап на Украина, но оваа декларација е усвоена во сосема поинаква безбедносна средина.

„Воените акции на територијата на Украина денеска бараат нејзиното членство во Алијансата да се дискутира во целосниот состав на Северноатлантскиот совет и да не доведе до ризик од директно вклучување на земјите од НАТО во војната“ – се додава во соопштението.

Според него, одлуката за приклучување на Украина во НАТО треба да биде донесена „само откако ќе се развијат јасни параметри за мирно решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, кои ќе бидат прифатени и имплементирани од двете завојувани земји“.

Сепак, во декларацијата, потпишана од други шефови на држави на иницијатива на романскиот претседател Клаус Јоханис, се вели:

„Ние не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме обидите на Русија за анексија на украински територии. Силно ја поддржуваме одлуката на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година во врска со идниот пристап на Украина. Сите оние кои ќе извршат злосторства за агресија мора да одговараат и да бидат изведени пред правда“.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум