Утрински Весник
Свет

Токио сака мировен договор со Москва

Токио сака мировен договор со Москва

Јапонската влада ќе продолжи да води политика за решавање на територијалното прашање и склучување мировен договор со Русија и покрај влошувањето на односите меѓу двете земји поради ситуацијата во Украина, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида во Долниот дом на парламентот.

dobivaj vesti na viber

– Јапонско-руските односи се во тешка ситуација поради ситуацијата во Украина, но нашата земја ќе се држи до политиката на решавање на територијалното прашање и склучување на мировен договор – рече Кишида, а пренесе ТАСС.

Москва и Токио од средината на минатиот век разговараат за мировен договор заснован на резултатите од Втората светска војна, а точката на запирање е суверенитетот над јужниот дел на Курилските острови.

По војната, архипелагот беше преземен од Советскиот Сојуз, но Јапонија сè уште го оспорува суверенитетот на Москва над трите острови и група помали ненаселени острови.

Руското Министерство за надворешни работи постојано нагласува дека суверенитетот на Русија над овие острови има солидна меѓународна основа и е неоспорен.

Можете да прочитате

Најмалку 55 лица се удавија во Франција обидувајќи се да се разладат од екстремните горештини

Прогласена вонредна состојба на Крим, илјадници возила заглавени на Кримскиот мост

Мал авион се урна во највисоката зграда во Пекинг