Утрински Весник
Свет

Германија, Данска и Норвешка купуваат хаубици за Украина за 92 милиони евра

Германија, Данска и Норвешка купуваат хаубици за Украина за 92 милиони евра

Германија, Данска и Норвешка ќе потрошат 92 милиони евра за купување на 16 словачки хаубици од типот Зузана-2 за Украина, соопшти германското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Топовите, кои можат да истрелаат шест проектили во минута и имаат дострел поголем од 40 километри, ќе бидат изградени во Словачка, а испораката ќе почне следната година, објави Министерството.

Украина, која остварува значителни придобивки против руските сили на исток во последните неколку недели, вели дека и’ треба повеќе тешко оружје за да ја одбие инвазијата што Москва ја започна во февруари.

Можете да прочитате

Локални избори во Франција – тест за политичкото расположение пред претседателските избори

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ

Песков: Европејците прават сè за да ја убедат Украина да продолжи со војната