Утрински Весник
Македонија

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати предлогот ексградоначалникот на Град Скопје, Ристо Пенов да биде избран и именуван за иден министер на оваа позиција во Владата.

dobivaj vesti na viber

Централниот одбор се заблагодари на досегашниот ангажман на Милевски, на успешното менаџирање со министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата, велат од ЛДП.

Како што додаваат од партијата согласно Статутот на ЛДП се формира организационен одбор во чиј состав се изгласани Боби Мојсоски, Димитар Ванчов, Билјана Аврамоска – Ѓореска, Дејанчо Цветановски, Валентин Груевски и Ивица Тодоровски. До Конгресот ќе се одржат уште две седници на ЦО со цел подготовка на истиот, а на следниот состанок на ЦО кој се очекува да се одржи следната недела ќе бидат разгледани и предлог датуми за одржување на Конгресот, додаваат од ЛДП.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче