Утрински Весник
Македонија

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека тоа ќе се изведе во согласност со нормите на европскиот енергетски пазар и интересите на бугарските граѓани и бизниси.

„Со претседателот Пендаровски и Фон Дер Лајен разговаравме за можностите ЕУ финансиски да ја поддржи Северна Македонија на начин да се избегне евентуална криза во претстојната зима во однос на снабдувањето со електрична енергија во земјата. Ова зависи од тоа и ЕУ и Северна Македонија да ги изготват потребните барања за таа цел“, рече Радев.

Бугарскиот претседател оцени дека политичките разговори меѓу двете земји се одвиваат во нормална атмосфера, во пријателски односи. Исклучително е важно да се разбере во самата Северна Македонија дека имплементацијата на билатералните обврски мора да почне што е можно поскоро – ова е гаранција за забрзување на европската интеграција.

„Дозволете ми да ве потсетам дека вистинските преговори за членство во рамките на Преговарачката рамка не се започнати. Ќе почнат дури кога Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во својот Устав“, рече Радев.

Исто така, тој додаде дека мора да се решат сите прашања кои се одложуваат многу години.

„Разговорот за нашата заедничка историја со РСМ е неизбежен. Очекувам државниците во нашата пријателска земја да покажат политичка мудрост и да ја градат европската иднина на РСМ ослободена од идеологиите на минатото“, заклучи претседателот.

Можете да прочитате

ЦУК објави мапа – делови од државата се под висок ризик од пожари

Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден