Утрински Весник
Спорт

УФЦ му приреди „приватно шоу“ на Марк Закерберг

УФЦ му приреди „приватно шоу“ на Марк Закерберг
Img 5587

Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг доби „приватно“ УФЦ шоу на УФЦ Вегас 61, откако го изнајмил целиот капацитет на „УФЦ Ејпекс“ за во мир со неговата сопруга Присила Чен да го следи мечот на Мекензи Дерн против Јан Шиаонан, иако шефот на УФЦ, Дејна Вајт го демантираше ова.

dobivaj vesti na viber

Сопругата на Закерберг, Чен е голем фан на Мекензи Дерн, која во петокот изјави дека Закерберг ја откупил цела сала за приватно шоу. Самиот Вајт изјави дека ова се „глупости“, иако ниту новинарите немаа пристап на мечот.

Img 5587

„Останете дома, нарачајте си пица и гледајте и уживајте. Нема тајна“, изјави Вајт во петокот.

Сепак, миленичката на Закерберг, Мекензи Дерн загуби на поени со 48:47, 48:47 и 47:47.

Ss1

Можете да прочитате

Алкараз обвинет за местење натпревари

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен