Утрински Весник
Свет

(Видео) Зеленски со порака до Русите: Ќе ве убиваат, еден по еден, се додека е Путин на власт

(Видео) Зеленски со порака до Русите: Ќе ве убиваат, еден по еден, се додека е Путин на власт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во ноќно обраќање изјави дека Русите ќе бидат убивани еден по еден се додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин, кој ја нареди инвазијата врз Украина.

dobivaj vesti na viber

„Додека сите вие ​​самите не го решите проблемот од кој почна сè, што ја почна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убивани еден по еден, станувајќи жртвени јарци, бидејќи не признавате дека оваа војна е историска грешка за Русија“, рече Зеленски во своето редовно ноќно обраќање.

Украинскиот претседател додаде дека наскоро армијата, која од вчера го контролира градот Лиман, во регионот Доњецк, што е под руска контрола, ќе поврати и други градови во регионот.

„Во текот на неделата над Донбас се вееја нови украински знамиња, а следната недела ќе ги има уште повеќе“, додаде Зеленски.

Можете да прочитате

Медведев по апсењето во Црна Гора: Можеме да го прошириме списокот на уапсени Европејци

Силен ураган му се заканува на Мексико

Русија со дронови нападна индустриска и цивилна инфраструктура во Николаев