Утрински Весник
Свет

Во Доњецк пристигнаа првите мобилизирани руски војници

Во Доњецк пристигнаа првите мобилизирани руски војници
300x250 (7)

Таканаречената „Народна милиција на Доњецката Народна Република (ДПР)“ на Телеграм објави дека во Доњецк пристигнале првите руски војници од делумната мобилизација.

dobivaj vesti na viber

„ Првите војници повикани на воена служба во најавената делумна мобилизација во Русија пристигнаа во зоната на специјалните воени операции, на територијата на ДНР. Сега тие минуваат низ интензивен курс за борбена обука на полигоните, кој што го опфаќа искуството од битките во последните месеци. Жителите на Народната Република со воодушевување го поздравија пристапот на силите и му благодарат на претседателот на Руската Федерација за одлуката“.

Ss1

Како што беше претходно најавено, денеска на специјална церемонија во Кремљ ќе бидат потпишани четири договори за прием на нови територии во Руската Федерација.

„ Главниот настан ќе започне во 15:00 часот по московско време во салата Свети Ѓорѓи во Кремљ. По него ќе следи говорот на рускиот претседател Владимир Путин, кој, уште еднаш нагласувам, е важен. А потоа ќе биде церемонија на потпишување документи“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој, исто така, посочи дека Русија ќе ги смета нападите на, како што рече, нејзините нови територии како акт на агресија.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип