Утрински Весник
Свет

Финска ја затвора границата за руските туристи

Финска ја затвора границата за руските туристи
Dik 300x250 mk

Финска одлучи да ги затвори своите граници за руските туристи, бидејќи воведува построг процес за виза што треба да стапи на сила на полноќ, објави во четвртокот нејзиниот министер за надворешни работи, придружувајќи им се на балтичките земји и Полска.

dobivaj vesti na viber

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто рече дека владата дејствувала побрзо по експлозијата на гасоводот Северен тек, за која се верува дека е резултат на саботажа, и плановите на Москва да анектира четири украински региони по нелегалните референдуми.

Исклучоци важат за Русите кои доаѓаат во Финска за да се сретнат со членовите на семејството, за работа или медицинска нега.

Главната промена е што Русите повеќе нема да можат да влегуваат во Финска како туристи или да патуваат понатаму во други земји од Шенген од туристички причини.

Овој чекор се очекува да го намали бројот на Руси кои ја преминуваат границата за 30 до 50 отсто, според финската новинска агенција СТТ.

Финска има исклучително долга граница со Русија, дури 1340 километри.

Министерот за надворешни работи на Естонија, Урмас Реинсалу, ја поздрави одлуката на Финска, посочувајќи дека Хелсинки ја усвоил оваа мерка во тесна соработка со Естонија, Латвија, Литванија и Полска и дека ќе ја подобри безбедноста во целиот регион.

На 19 септември, Естонија, Летонија, Литванија и Полска веќе го ограничија влезот на Русите во земјата.

Потоа забранија влез на руски државјани со шенген визи од туристички и деловни причини и поради спортски и културни настани,пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија