Утрински Весник
Спорт

Газдата на ПСЖ сака да го купи Еспањол

Газдата на ПСЖ сака да го купи Еспањол

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, планира да го купи шпанскиот фудбалски клуб Еспањол од Барселона, пренесува „Политико“.

dobivaj vesti na viber

Ал-Келаифи истакнал дека со помош на Европската фудбалска унија (УЕФА) сака да ја спречи Барселона да доминира на фудбалскиот пазар.

Тој е лут на УЕФА што дозволи Барселона да ги прекрши правилата за финансискиот „фер-плеј“.

„Дали е правилно тоа што го направи Барселона? Не, не е во ред. Не сум сигурен дали е легално, но такви работи се дозволени. Другите ќе го сторат истото. УЕФА има свои финансиски правила и сигурен сум дека ќе го истражи сето тоа“, рекол Ал-Келаифи.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Ал-Келаифи планира да го купи Еспањол, бидејќи сака да ја стави Барселона во сенка.

Сопственикот на ПСЖ сака Еспанол да биде најсилниот тим во Каталонија, а не Барселона.

На Ал-Келаифи му пречи што Барселона во летниот преоден рок ги ангажираше Роберто Левандовски, Рафиња, Андрес Кристенсен, Франк Каси и Жил Кунде, иако каталонскиот клуб имаше големи финансиски проблеми.

Шпанските медиуми потсетуваат дека Барселона продаде 25 отсто од клупските телевизиски права во следните 25 години за 267 милиони евра, а потоа каталонскиот клуб ги вложи тие пари во купување на нови играчи.

Можете да прочитате

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот

Работнички против МЗТ, а сите за Силјан

ФФМ: Нов селектор најдоцна до 25 декември