Британската премиерка Лиз Трас го бранеше својот економски план кој ги наруши финансиските пазари, велејќи дека е подготвена да преземе „контроверзни“ чекори за повторно да го запали економскиот раст и дека нема да го промени курсот и покрај пресвртите.
„Го трасиравме вистинскиот пат“, тврди таа за локалните радиостаници на Би-би-си.
На прашањето дали ќе го промени мини-буџетот што ги шокираше пазарите со обемот на даночните намалувања и парите што владата ќе ги позајми, Трас порача: „Не прифаќам теза за тоа прашање“.
„Соочени сме со тешки економски времиња. Не го негирам тоа. Тоа е глобален проблем. Но, британската влада се вклучи и постапи апсолутно правилно во овие тешки времиња“, вели Трас.
Британскиот министер за финансии минатата недела ги шокираше финансиските пазари со откривање план за намалување на даноците без објаснување за влијанието врз јавните финансии или како владата ќе ја реформира економијата за да го поттикне растот.
Како резултат на тоа, фунтата потона и приносите на британските обврзници вртоглаво пораснаа, принудувајќи ја Банката на Англија да ја оживее својата програма за купување обврзници во средата за да ги поддржи пензиските фондови.
Трас рече дека владата мора да преземе итна и решителна акција за да ги заштити домаќинствата и бизнисите од зголемените сметки за енергија.
„Се разбира, тоа значи носење контроверзни и тешки одлуки. Но, јас сум подготвен на тоа како премиер бидејќи ми е важно да ја поттикнеме нашата економија“, рече таа.