Утрински Весник
Економија

(Видео) Коциќ: Сметките за струја на граѓаните ќе бидат субвенционирани со 80 отсто

(Видео) Коциќ: Сметките за струја на граѓаните ќе бидат субвенционирани со 80 отсто
300x250 (7)

Пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ, на прес-конференција изјави дека обезбедени се пари и ќе има доволно за сите потреби од енергенси и топлинска енергија.

dobivaj vesti na viber

„Сите основни и средни училишта ќе бидат на регулиран пазар на струја. Со ова, обезбедивме непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима. Со мерките на Владата училиштата ќе имаат помали сметки за струја, иако тоа беше обврска на општините. Граѓаните, домаќинствата и малите потрошувачи добиваат стабилна и континуирана испорака на струја“, рече Коциќ.

Img 5587

Пратеникот образложи дека сметките за струја на граѓаните ќе бидат субвенционирани со 80 проценти.

„Субвенционирањето од 80 отсто на сметката за струја за граѓаните продолжува за над 600.000 домаќинства. Над 70.000 компании и други правни субјекти со годишен промет до два милиони евра добиваат субвенционира електрична енергија, три пати пониска од берзанската. Болниците ќе бидат обезбедени со струја, преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската“, изјави Коциќ.

Како што додаде, парно за главниот град ќе има. Донесена е одлука за започнување на постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар.

„Ова се ефикасни, навремени мерки со кои ќе ги надминуваме последиците од глобалната енергетска криза, им помагаме на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците. Се грижиме за сите подеднакво. СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи продолжува со креирање  мерки и политики кои го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат сигурно и непречено снабдување со енергија во време на светска енергетска криза“, истакна Коциќ.

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз