Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог-закон за енергетика

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог-закон за енергетика

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата достави барање до Собранието за одржување на итна седница на која ќе се разгледува Предлог законот кој го поднесоа, а се однесува на Законот за енергетика.

dobivaj vesti na viber

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски оцени дека по вчерашната прес-конференција на премиерот Ковачевски станало јасно дека Владата едноставно препишала делови од предлог мерките кои ВМРО-ДПМНЕ го понуди, но тоа не е доволно.

„Во мерките кои што Ковачевски ги презентираше слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи но случајно или не ги изостави водостопанските и комуналните претпријатија кои што поради високите цени на електрична енергија имаат проблеми со ликвидноста што во следниот период може да доведе до повисоки сметки за домаќинствата и стопанството. Како одговорна партија бараме целосно, а не ппарцијална прифаќање на нашиот предлог. Со Предлог законот за енергетика кој што ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во самиот текст опфатени се и водоводните и комунални претпријатија кои што имаат огромни трошоци за електрична енергија“, образложи Мицевски.

Опозициската партија побара од СДСМ да го поддржат нивниот Закон за енергетика. Со тоа, како што рече Мицевски, ќе покажат дека се грижат за граѓаните и за стопанството.

Во предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ покрај училиштата и здравствените уставови опфатени се и водостопанските и комуналните претпријатија.

Можете да прочитате

Зошто се двојните стандарди во Извештајот?

Велешкото езеро екстремно загадено, забрането е капење

Левица: Режимската Влада склучи тендер од 26,4 милиони евра за софтвер за следење и контрола на јавниот глас