Утрински Весник
Свет

Ердоган: Го познавам Путин, кога нешто ќе замисли, го прави тоа

Ердоган: Го познавам Путин, кога нешто ќе замисли, го прави тоа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, опишувајќи ги рускиот претседател Владимир Путин и плановите на Русија по референдумот за ослободените територии, рече дека „ако рускиот лидер замисли нешто, тој го прави тоа“.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека е вознемирен од тоа што тие територии ќе бидат припоени кон Русија.

„Тоа може да се случи, бидејќи Путин, јас го познавам, ако замисли нешто, го прави тоа. Таква е ситуацијата. Затоа му придавам големо значење на нашиот разговор. Се надевам дека ќе го оставиме прашањето на точката што ја достигна и дека ќе преминеме на дипломатија“ – рече Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.

Турскиот лидер претходно изјави дека денеска очекува телефонски разговор со Путин, додека од Кремљ велат дека засега нема такви планови.

Турскиот претседател им рече на новинарите дека нуклеарната војна би била катастрофа и дека дипломатијата е најправилниот чекор.

„Цената за преминување во нуклеарна војна е катастрофална. Не треба ни да размислуваме за тоа, а камоли да го декларираме. Дипломатско решение е најправилно“ – рече Ердоган.

Можете да прочитате

Хорор на базен во Германија: Четворица Сиријци сексуално нападнале 9 девојчиња

Британските власти запленија 2,4 тони кокаин во вредност од 96 милиони фунти

Четворица загинати по пад на мал авион во близина на Москва