Откако ја загрижи јавноста со своето однесување на аеродромот во Лос Анџелес, Кара Делевињ се појави во Париз на црвениот тепих на настанот Cara Loves Karl.
Познатиот модел никогаш не проговори за случката на аеродромот кога беше снимена како нервозно се шета наоколу и зборува на мобилен, без чевли, само во чорапи. Откако се качи во приватниот авион на Џеј Зи, кој ја чекал, беше видена како го напушта авионот набргу по влегувањето. Не е познато дали Кара била истерана од авионот или доброволно излегла.
Но, се чини дека решила да ја остави оваа ситуација зад себе. Таа со насмевка на лицето позираше на црвениот тепих.
Кара на себе има сив мантил-фустан со длабок шлиц, а околу половината носи ремен кој ја истакнува нејзината манекенска фигура. Модната комбинација ја координира со високи чизми, црвен кармин на усните и брановидна коса.