Утрински Весник
Македонија

Владата ги намали за 50 отсто надоместоците на Управниот одбор на „Вододтопанство“

Владата ги намали за 50 отсто надоместоците на Управниот одбор на „Вододтопанство“
Dik 300x250 mk

Владата ја разгледа Информацијата со план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и намалување на расходите за 20 проценти пристигната од АД „Водостопанство на Република Северна Македонија“, за која на една од претходните седници беше упатено барање од Владата за појаснување околу утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и беше упатено барање за ревидирање на платите до АД „Водостопанство“.

dobivaj vesti na viber

Беше донесен заклучок со задолжување Управниот одбор да го раскине менаџерскиот договор со директорот и во иднина сите нови договори да се склучуваат со претходна согласност со Министерството за финансии.

Надоместоците за членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да се намалат за 50 проценти.

Во насока на намалување на расходите, Владата го задолжи АД „Водостопанство“ да ги намали капиталните инвестиции во износ од 100 милиони денари со што се намалува финансискиот план за износот кој што е предложен од нивна страна.

Можете да прочитате

Европска комисија: Нула напредок во судството и борбата со корупцијата

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

Сообраќајна несреќа на патот Дреново – Прилеп, сообраќајот во прекин