Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Жителите на Крњево и Кале добиваат нов пензионерски клуб

Герасимовски: Жителите на Крњево и Кале добиваат нов пензионерски клуб
Dik 300x250 mk

Највозрасните граѓани во населба Крњево и Кале добиваат пензионерски дом „Гоце Делчев“ во просториите на ЈП ПОЦ. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со пензионерите го отворија новиот пензионерски дом и заедно играа шах, домино и карти.

dobivaj vesti na viber

„ Општина Центар постојано ги следи потребите на граѓаните и секогаш се обидува да им излезе во пресрет. Пензионерите од Општина Центар се висок приоритет за нас и затоа ние како локални власти се трудиме да им обезбедиме содржини кои ќе им бидат интересни, места што ќе претставуваат, катче каде ќе се среќаваат, ќе се дружат и квалитетно ќе го поминуваат слободното време“, изјави Герасимовски.

Ова е седми пензионерски клуб кој се отвора на територија на општината и 2 од ветените три во предизборната кампања на градоначалникот Герасимовски. Следниот ќе биде отворен близу Универзална сала и со отворањето на тој клуб Општина Центар ќе биде единствената општина која во секоја урбана заедница ќе има пензионерски клуб. Отворањето на овие пензионерски клубови ја покажуваат и нашата грижа и помош за оваа категорија на граѓани.

Општина Центар за највозрасните граѓани веќе го спроведува проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ во кој сите возрасни лица со полни 62 години добиваат домашна нега од лиценцирани негуватели, физиотерапевти и психолози. Овој проект е наменет за 90 корисници жители на општината кои добиваат нега три пати пати неделно по два часа во текот на цела година. Исто така во соработка со „Банка за храна“ на пензионерите со ниски примања Општина Центар им доделува пакети со храна и хигиенски производи.

Општината Центар силно и посветено работи на највозрасните граѓани во општината да им обезбеди безгрижни и мирни пензионерски денови.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!