Утрински Весник
Спорт

Милан не се задоволни од Ориги, Малдини сака да го донесе Дејвид

Милан не се задоволни од Ориги, Малдини сака да го донесе Дејвид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дивок Ориги, миленикот на навивачите на Ливерпул, како слободен играч во летниот преоден рок реши да го засили Милан. Белгиецот, од почетокот на сезоната, не успева да се избори за место во тимот, тој е во сенка на ветеранот Оливие Жиру.

dobivaj vesti na viber

Разочарани од она што досега го прикажал Ориги, челниците на Милан размислувале да го продадат веќе во јануарскиот преоден рок, тврдат медиумите во Италија.

Истите тие извори пренесуваат дека Милан со големо внимание ги следи игрите на Џонатан Давид.

Канаѓанецот игра во феноменална форма, постигнува голови и за Лил и за репрезентацијата. Тој веќе има пет гола во осум натпревари во Лига 1 оваа сезона, минатата сезона постигна 15 гола на 38 натпревари во францускиот шампионат.

Неговата цена само се зголемува, 22. годишниот фудбалер веќе е проценет на повеќе од 50 милиони евра. Доколку продолжи да игра во ваква форма неговата цена само ќе расте.

Дејвид има договорена соработка со Лил до 2025 година, но јасно е дека се ближи времето на разделба, каде двете страни добро ќе го наплатат трудот.

Можете да прочитате

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026

Новак Ѓоковиќ се повлекува од Здружението на професионални тенисери

Почина Милорад Косановиќ – 24info.mk