Утрински Весник
Свет

Британско Министерство за одбрана: Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

Британско Министерство за одбрана: Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своите разузнавачи за ситуацијата во Украина. Во него се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се обрати пред рускиот парламент в петок, на 30 септември, и дека „постои можност Путин да го искористи обраќањето за формално да ја објави анексијата на окупираните региони на Украина“.

dobivaj vesti na viber

Денеска треба да завршат референдумите што во моментов се одржуваат во окупираните региони на Украина.

Руските лидери се надеваат дека најавата за анексија на окупираните територии ќе биде сфатена како успех на „специјалната воена операција“ (како што официјална Москва ја нарекува инвазијата на Украина) и ќе ја консолидира јавната поддршка за конфликтот, се вели во извештајот.

Но, таа надеж најверојатно ќе биде поткопана од свеста на руската јавност за неодамнешните порази на руските сили на бојното поле и значителните немири предизвикани од најавата за делумна мобилизација, според британското воено разузнавање, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност