Утрински Весник
Магазин

Дале е на повидок нова романса: Бред Пит и Емили Ратајковски

Дале е на повидок нова романса: Бред Пит и Емили Ратајковски
Img 5587

Холивудскиот актер Бред Пит, наводно, сè повеќе време поминува со 31-годишната манекенка Емили Ратајковски.

dobivaj vesti na viber

Но, Бред (58) и Емили не се официјално во врска, изјави извор за „Пејџ сикс“во понеделникот.

Ss1

Инсајдерот додаде за порталот дека фановите „треба да бидат во тек за тоа како ќе се развива нивната врска“.

„Луѓето шпекулираат за ова подолго време. Бред ретко излегува и официјално нема нова девојка. Тој и Емили беа видени неколку пати заедно,“ додаде изворот.

„Пејџ сикс“ не откри каде точно поминуваат време заедно, но Бред беше во Париз во неделата (25 септември), а Емили минатата недела отпатува од Њујорк во Италија на модна ревија.

Од минатата недела на социјалните мрежи се шпекулира дека се пар во рана фаза.

Во август, магазинот „ОК“ објави дека Бред се зближува со Емили, пренесувајќи тврдење дека ја прашал дали сака да излезат на вечера, и таа одговорила ‘да’.

Ss1

Можете да прочитате

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

Кина лансира сонда која ќе собира примероци од темната страна на Месечината

Мирисите што треба да ги избегнувате во собата ако сакате добар сон