Утрински Весник
Свет

Србија со жесток одговор за Брисел – Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа

Србија со жесток одговор за Брисел – Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа
Ss2

Српскиот претседател Александар Вучиќ подготви дециден и жесток одговор до Брисел, а одговорот на јавноста ќе ѝ биде соопштен најдоцна во рок од 72 часа, пренесува „Новости“.

dobivaj vesti na viber

Според извори на „Новости“, шефот на државата бил шокиран и лут по изјавата на портпаролот на Европската унија, Питер Стан, кој денеска рече дека Србија е „под надзор на ЕУ“, поради потпишувањето на планот за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и на Русија, што неодамна беше потпишан во Њујорк.

Img 5587

Стано денеска даде изјава во врска со потпишувањето на договорот меѓу Србија и Русија.

„ Живееме во време кога Русија започна нелегална и нелегитимна инвазија на суверена земја, на соседна Украина… Доколку, под овие околности, видиме дека Министерството за надворешни работи на Србија прифати консултации, редовни консултации, со Министерството За надворешни работи на земја која врши криминална агресија, тоа е многу јасен знак за нивната намера да ги зајакнат своите врски, дополнително да ги зајакнат односите меѓу Србија и Русија. И тоа е причина за сериозни прашања“, рече Стано.

„ Европската унија им беше јасна на своите партнери, а особено на земјите кои се во процес на пристапување, како што е Србија, која е кандидат. Односите со Русија во сегашните околности не можат да бидат нормални и деловни. Невозможно е да се соработува со овој режим, кој прави толку многу криминални дела и злосторства, а ние го сфаќаме многу сериозно и го следиме“, нагласи портпаролот на ЕУ.

Ss1

Можете да прочитате

Kанибал од Лас Вегас: Уби човек, па му ги изел увото и очното јаболко

ЕУ ја предупреди Грузија дека усвојувањето на законот за „странски агенти“ ќе биде пречка за европската иднина на земјата

Иран воведе санкции за поединци и правни субјекти од САД и Велика Британија