Утрински Весник
Спорт

Милевски со офанзивен тим: Трајковски, Миовски и Ристовски ги напаѓаат Бугарите

Милевски со офанзивен тим: Трајковски, Миовски и Ристовски ги напаѓаат Бугарите
Dik 300x250 mk

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) ја пречекува селекцијата на Бугарија во последниот натпревар од овој циклус во Лигата на нации. Селекторот Благоја Милевски и фудбалерите сакаат да ја израдуваат нацијата со победа, па затоа и поставеноста треба да биде офанзивна.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот Александар Трајковски, момчето кое ја потопи Италија во Палермо, се опорави од настинката и се очекува денеска да добие шанса како стартер. Планот е тој да делува како полушпиц и да ја добие улогата што на претходниот меч со Грузија ја имаше Елиф Елмас.

Трајковски пред него ќе ги има Бојан Миовски и Милан Ристовски во формација 3-4-1-2.

На голот ќе биде Столе Димитриевски, а триото во одбраната е Зајков, Велковски, Муслиу. На левата странична позиција ќе биде Езгјан Алиоски, а на десната повторно Стефан Ашковски. Централен играч за врска ќе биде капитенот Енис Барди.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен