Утрински Весник
Економија

Битиќи на Бизнис форумот во Хрватска: Пред нас се отвораат можности кои како регион треба да ги искористиме

Битиќи на Бизнис форумот во Хрватска: Пред нас се отвораат можности кои како регион треба да ги искористиме
Img 5587

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска присуствува и се обрати на Бизнис форум со Стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Бизнис форумот е во организација на македонската амбасада во Загреб, Хрватската стопанска комора и Македонско – Хрватскиот деловен клуб, а на истиот учествуваат и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северо западна Македонија, Сојузот на стопански комори како и голем број на компании од двете земји.

Img 5587

Во своето обраќање на отворањето на Бизнис форумот вицепремиерот Битиќи се осврна на можностите кои се отвораат пред нас.

„ Нашиот поширок регион треба да работи на приближување на синџирот на снабдување до границите на Европската унија. Бидејќи далечните пазари за снабдување се покажаа како неодржливи, треба да гледаме кон регионалната конкурентност, наместо кон регионалната конкуренција да создадеме пазар што ќе ги компензира производите што доаѓаат од тие далечни земји и ќе стане силен и сигурен партнер за целата Европска унија. Процесите на Near или Friend Shoring се неизбежни и ние како регион мора да ја искористиме шансата.“ – истакна Битиќи.

Истакнувајќи дека Хрватска како земја членка е дел од единствениот пазар на ЕУ кон кој се стреми и нашата држава како и додека се подготвуваме за влез во ЕУ, многу стандарди веќе се усогласени со оние на Европска Унија. Дополнувајќи дека искуствата кои Хрватска ги има ќе ги земеме како лекции за побрзо интегрирање на нашата земја.

„ Одлично е што денес овде имаме претставници од Коморите, кои верувам дека можат да ја интензивираат соработката меѓу бизнисите во Хрватска и Северна Македонија, бидејќи преку формализиран пристап од двете страни ќе има поголема двонасочна комуникација и убеден сум дека тоа би била плодна, бидејќи преку системско и темелно артикулирање на барањата на компаниите можат да се најдат соодветни решенија за надминување на предизвиците.„ – заклучи Битиќи.

На Бизнис форумот претставници на кабинетот на вицепремиерот Битиќи пред присутните имаа и презентација за можностите и условите за инвестирање во нашата земја.

Со почит,

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром