Утрински Весник
Економија

Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење, со цел компаниите да имаат право на одбиток на ДДВ

Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење, со цел компаниите да имаат право на одбиток на ДДВ
Dik 300x250 mk

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска присуствуваше и се обрати на бизнис-форумот со Стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Бизнис-форумот е во организација на Хрватската стопанска комора, а на истиот учествуваат и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори, како и голем број  компании од двете земји.

Во рамки на бизнис-форумот вицепремиерот Битиќи оствари и билатерална средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура, Олег Бутковиќ, на која разговараа за искуствата на Хрватска во пристапните преговори со ЕУ. како и унапредување на регионалната конкурентност како катализатор на процесот за Северна Македонија и земјите од регионот.

На средбата двајцата потпретседатели зборуваа и за билатералниот договор за одбегнување на двојното даночење помеѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија.

Министерствата за финансии на двете земји, Република Хрватска и Република Северна Македонија, ќе ги дорегулираат сите дополнителни права и обврски кои се однесуваат на договорот за одбегнување на двојното даночење меѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија, со цел компаниите на двете земји да имаат право на одбиток на ДДВ за промет остварен во другата земја.

Пред започнување на бизнис-форумот состанок одржаа и претставници на коморите на двете држави на кој се приклучија и потпретседателите Бутковиќ и Битиќи. На состанокот беше присутен претседателот на Хрватска стопанска комора, Лука Бариловиќ, претседателот на македонско-хрватскиот бизнис клуб, Иво Усмиани, претседателот и извршниот директот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и Антони Пешев, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов, како и амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.

Можете да прочитате

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица