Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Антикорупциска да отвори постапка за вработувањето на сопругата на Бочварски и нејзината сестра во штипската болница

Стоилковски: Антикорупциска да отвори постапка за вработувањето на сопругата на Бочварски и нејзината сестра во штипската болница
Img 5587

Државната комисија за спречување на корупцијата мора да отвори постапка за испитување на вработувањето на сопругата и сестрата на сопругата на министерот Благој Бочварски во Клиничката болница – Штип, порача на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Според јавно достапни информации, како што рече Стоилковски, сопругата на Бочварски и нејзината сестра, двете во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница.

300x250 (7)

„Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница – Штип. Министерот Бочварски се венчава во мај годинава, а еден месец потоа, неговата сопруга и нејзината сестра се вработуваат под државна капа. Постојат силни индиции дека станува збор за непотизам, за злоупотреба на позиција, за изигрување на системот за вработување без оглас“, истакна Стоилковски.

Опозицијата побара од Државната комисија за спречување на корупција да одговори: Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничка болница – Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев? Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се ухлебени во штипската болница речиси директно „од клупа“, со неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа? Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипска болница без оглас распишан од болницата? Дали Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработат во штипската болница?

Стоилковски додаде дека Македонија се дави во корупција која што доведува до страшна и длабока сиромаштија. Една од функциите на ДКСК е да спречува корупција и да реагира навремено. Со затајување на ДКСК, рече Стоилковски, институцијата станува соучесник во девастацијата на системот, соучесник во злоупотребите и соучесник во растот на корупцијата и со тоа во осиромашувањето на граѓаните.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски до ДУИ и Ковачевски: Европски ли е кога Ахмети викаше УЧК во Скопје?

Битиќи: На 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите

Сиљановска-Давкова: Победата е за сите граѓани, знаеме дека ќе гласате за тие што носат промена