Утрински Весник
Спорт

„Во денешно време Кин на секој втор натпревар ќе добиваше црвен картон“

„Во денешно време Кин на секој втор натпревар ќе добиваше црвен картон“
300x250 (7)

Српскиот фудбалер Немања Матиќ реагираше на изјавата на легендарниот ас Рој Кин. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, сега стручен консултант на една телевизија, го критикуваше Србинот за изјавата што ја даде по заминувањето од „Олд Трафорд“ кога истакна дека тој клуб ќе му остане во срцето.

dobivaj vesti na viber

Кин смета дека тоа не била искрена порака, бидејќи според него, играч не може да сака повеќе од еден клуб.

300x250 (7)

Во интервјуто кое го даде за британски „Тајмс“, Матиќ му одговори.

„Имам почит за тоа што го направи како играч, но треба да разбере дека фудбалот оттогаш се смени. Ако играв за Челзи, сигурно нема да кажам дека ги мразам, нели?! Храбри луѓе се оние кои ви кажуваат сè директно во лице. Отсекогаш бил добар со мене во живо, па не ми е гајле што зборува во јавноста. Знам што сум направил во кариерата, среќен сум поради тоа“, изјави Матиќ.

Потоа се осврна на кариерата на Кин.

„Начинот на кој се однесуваше на теренот и играше, во денешно време во 70 проценти од натпреварите тоа е црвен картон. Не можете да удирате луѓе на теренот додека ве снимаат камерите, а цел свет гледа“, заклучи играчот на Рома.

Ss1

Можете да прочитате

Верстапен по второто место во Мајами: Се изненадив од брзината на Мекларен

Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот

(Видео) Ристовски и Адеми спектакуларно пречекани пред „Максимир“ по триумфот во Риека