Утрински Весник
Свет

Трас: Украинците го надмудрија Путин

Трас: Украинците го надмудрија Путин

Британската премиерка Лиз Трас ја коментираше најавата за руска мобилизација и инвазијата на Украина во своето прво интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен.

dobivaj vesti na viber

„Путин направи стратешка грешка со инвазијата на Украина. Мислам дека Украинците го надмудрија. Видовме како Украинците продолжуваат да возвраќаат. И мислам дека тој не ја очекуваше силата на реакцијата од слободниот свет“ – рече таа.

На прашањето како треба да одговорат западните лидери доколку Путин ја засили воената активност во Украина, Трас рече дека не треба да ги слушаат неговите штракања со оружје и лажните закани.

„Наместо тоа, она што треба да го направиме е да продолжиме да воведуваме санкции кон Русија и да продолжиме да ги поддржуваме Украинците. Ако му се дозволи на Путин да успее, тоа не само што би испратило ужасна порака во Европа и, се разбира, голема закана за самото украинско население, туку би испратило порака и до другите авторитарни режими ширум светот дека тоа е некако прифатливо“ – рече таа.

„Затоа е толку важно да продолжиме да бидеме одлучни, да не го слушаме штракањето со оружје со што се заканува Путин и да продолжиме да ги поддржуваме Украинците до крај. И тоа ќе го направи Обединетото Кралство, јас сум убедена“ – рече Трас.

Можете да прочитате

Голема акција во Израел: планира да врати 150.000 свои државјани во земјата

Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Судир на два танкера во Ормускиот теснец: Оган и чад се гледаат на километри оддалеченост