Утрински Весник
Македонија

МВР: Констатирано точење на алкохол на малолетници во угостителски објекти

МВР: Констатирано точење на алкохол на малолетници во угостителски објекти

Утрово во временскиот период од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од сите Сектори за внатрешни работи, во соработка со инспектори од државните инспекторати и од Управата за јавни приходи на територијата на целата држава, спроведоа акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, контрола за точење и продавање алкохол на малолетници, откривање и злоупотреба на престој од страна на странски државјани и други прекршоци во која беа контролирани вкупно 279 угостителски објекти, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

При контролите биле констатирани шест прекршоци за присуство на малолетници во угостителски објекти по дозволеното време, две кривични дела „точење алкохолни пијалаци на малолетници“ казниви по Кривичниот законик, девет прекршоци од Законот за регистрирање на готовински плаќања и три прекршоци од Законот за лична карта.

По целосно документирање на случаите, според најавите на полицијата, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

ЈНА се заканувала со срамнување на Скопје, Македонија се борела да го спаси аеродромот вели Гоцевски

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Кај помошник-директор на Царината пронајдени 17.500 евра

„Горе не оди како што треба“ – Гоцевски открива што му кажал Глигоров уште во 1987 година