Утрински Весник
Свет

Путин потпиша нов закон, строги казни за одбивање на мобилизација и за дезертерство

Путин потпиша нов закон, строги  казни за одбивање на мобилизација и за дезертерство

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша пакет измени на Кривичниот законик поврзани со воената служба, пишуваат руските агенции.

dobivaj vesti na viber

Со пакетот измени се воведува нов член „Разбојништво“. За ова дело ќе биде предвидена затворска казна од шест до 15 години, пренесува РИА.

Друг нов член е „Доброволно предавање“ – за ова ќе следат од три до десет години. Но, доколку војникот, кој првпат извршил вакво кривично дело, презел мерки за негово ослободување, се вратил на должноста и не извршил други кривични дела додека бил во заробеништво, тогаш може да биде ослободен од одговорност, јавува агенцијата.

Според написите, дезертерство или непојавување на воен рок ќе се казни со затвор од пет до десет години. Покрај тоа, воениот персонал кој е во резерва и е повикан на воена обука ќе ја има истата одговорност како и војниците со договор.

Дополнително, се заоструваат мерките за одговорност за неизвршување на воени наредби, одбивање на едно лице да учествува во непријателства, отпор кон шефот на воената служба, прекршување на правилата за служба, губење на воен имот, пренесува „Телеграф“.

Според агенциите, за повеќекратно прекршување на условите на договорот, казната е од четири до осум години затвор, а ако задачата не се изврши или штетата е најмалку пет милиони рубли казната е од пет до десет години.

Можете да прочитате

Силен земјотрес вечерва ја погоди Романија

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Њујорк Тајмс: САД одобриле трансфер на повеќе од 200 ракети од Германија во Украина