Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Судот да ја утврди деловната способност на дезертерот Ковачевски

ВМРО-ДПМНЕ: Судот да ја утврди деловната способност на дезертерот Ковачевски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Штом Ковачевски дезертирал од служење на воен рок со тапијата за трајно неспособен, тогаш постојат основани сомненија, врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарнична постапка, да се поведе процес за испитување и одземање на неговата деловна способност“ сопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата со став „штом знаел да трча по оправданија за неспособност кога требало да одговори на повикот на државата, тогаш сега кога е Премиер треба да се утврди дали е во состојба да ја врши функцијата“.

„Штом имал дијагноза за трајна неспособност тогаш, сега треба да се види дали неспособноста прогресирала или е статус-кво. Деловната способност е особено важна за функцијата Премиер, па затоа го повикуваме судот веднаш да реагира“ велат од партијата.

Можете да прочитате

Новогодишен базар со музика и забава во Ѓорче Петров

Македонија ја одби бугарската понуда за помош со мазут

Советот на Струга во ќор-сокак, градоначалникот најавува избори