Утрински Весник
Македонија

Полицијата упадна во златарници низ Македонија, одземени 10 килограми злато поради незаконско работење

Полицијата упадна во златарници низ Македонија, одземени 10 килограми злато поради незаконско работење

Полицијата во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе златарници на подрачјето на Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит.

dobivaj vesti na viber

При контролата, како што соопшти МВР, одземени се повеќе од 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) односно констатирано е непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик.

„При контрола на осум златарници во Скопје беа пронајдени и одземени околу 661 грам нежигосано злато, во Тетово при контрола на 11 златарници беа пронајдени и одземени 7.399 грама нежигосано злато, во Гостивар при контрола на седум златарници беа пронајдени и одземени 1.690 грама, а во Кичево при контрола на три златарници беа пронајдени и одземени 269 грама нежигосано злато“, информираа од МВР.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи беа констатирани и други неправилности кои се соодветно санкционирани. По целосно документирање на случаите против сопствениците и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Mинистерот за правда Филков реагираше на изјавата на вицепремиерот Сали за барањето на студентите за полагање на правосуден испит на албански јазик

Арбен Зибери премина во Демократското движење на Изет Меџити

Деца на Попова Шапка се обиделе да го ограбат манастирот