Утрински Весник
Свет

Трамп: Конфликтот во Украина може да се претвори во Трета светска војна

Трамп: Конфликтот во Украина може да се претвори во Трета светска војна
Dik 300x250 mk

Конфликтот во Украина може да ескалира во Трета светска војна, предупредил поранешниот американски претседател Доналд Трамп, откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва ќе ги искористи сите неопходни средства за да се одбрани од заканите за нејзиниот територијален интегритет.

dobivaj vesti na viber

Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“ кажал дека конфликтот во Украина „никогаш не требаше да се случи“, а тоа немаше да се случи доколку тој беше во Белата куќа, бидејќи тогаш немаше да избијат непријателствата меѓу Москва и Киев.

Медиумите во своите написи потсетуваат дека рускиот претседател Владимир Путин во средата најави мобилизација на околу 300.000 воени резервисти кои ќе бидат повикани на активна служба. Рускиот лидер, според нив, предупредил дека Москва „ќе ги искористи сите средства за да го заштити народот“, вклучително и нуклеарно оружје доколку е потребно.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим