Репрезентацијата на Франција синоќа ја совлада Австрија со 2:0 во А дивизијата во Лигата на нации.
Првиот гол го постигна Килијан Мбапе, додека стрелец на вториот беше Оливие Жиру, кој на тој начин ја испиша историјата на „триколорите“.
Благодарение на голот против Австрија, Жиру со 35 години и 357 дена стана најстариот стрелец во историјата на француската фудбалска репрезентација.
Пред него овој рекорд го држеше Роже Марш, која постигна гол против Шпанија во декември 1959 година на возраст од 35 години и 287 дена.
Исто така, Жиру е на само три гола до соборување на рекордот на Тиери Анри по број на голови во репрезентацијата (51).