Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачки: Има сомненија дека Ковачевски има нарушена деловна способност, сам поднел документ дека е трајно неспособен

(Видео) Ковачки: Има сомненија дека Ковачевски има нарушена деловна способност, сам поднел документ дека е трајно неспособен

„Врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарнична постапка, бараме од судот да поведе постапка за одземање на деловна способност на дезертерот Димитар Ковачевски. Постојат основани сомненија дека дезертерот Ковачевски има нарушена деловна способност, и со оглед на тоа дека се работи за премиер на држава, го повикуваме судот веднаш да реагира, а врз основа на чл.40 од Законот за вонпарнична постапка, кој утврдува дека постапката за одземање на деловна способност е итна“ изјави денеска Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Ковачки вели дека „дијагнозата која дезертерот Ковачевски ја приложил пред АРМ дека е трајно неспособен, со цел да избегне служење воен рок, не носи во сомнеж дека ако тој не лажел за својата состојба, тогаш истата може само да прогресира“.

„Бидејќи дезертерот Ковачевски сега е премиер, мора да се утврди дали неговата деловна способност е нарушена или не. Доколку е, тој треба веднаш да си поднесе оставка, доколку не е, да се утврди дали кај него постои трајно неспособност или тој лажел пред АРМ да не служи војска, и во тој случај, треба да си поднесе оставка. Бидејќи ако лажел, тој фалсификувал лекарски документ, за да избегне да и служи на државата“ вели тој.

 

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје