Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Значително зголемен бројот на решени барања за легализација во општина Аеродром

Значително зголемен бројот на решени барања за легализација во општина Аеродром
300x250 opst2

Реорганизација на работните процеси и формирање на работни комисии кои ги разгледуваат предметите на граѓаните и правните лица резултираше со поефикасно решавање на барањата доставени до општината Аеродром.

dobivaj vesti na viber

За само шест месеци во општината Аеродром издадени се решенија за вкупно 355 предмети, издадена е урбанистичка согласност за 200 предмети, започната е двострана комуникација со странката за 250 предмети и изготвени се уште десетици известувања, пресметки и заклучоци.

Овој значително зголемeн број на завршени предмети и започнати предмети се должи на новиот начин на работа во Општина Аеродром кој овозможи стотици нови решенија за легализација и почеток на процесот за конечно решавање на над 900 предмети. За таа цел, формирана е комисија од вработените, со што значително се забрза целиот процес за легализација.

Станува збор за еден од најголемите проблеми со кој граѓаните во општината се соочуваат повеќе од 10 години. До сега, до Општината поднесени биле над 9000 барања за легализација на објекти од различен вид.

Општина Аеродром и понатаму ќе продолжи со реорганизација на администрација со цел нејзино ефикасно искористување, а во насока на постапување во најкраток рок по барањата од граѓаните и правните лица.

Можете да прочитате

Тешко претепан маж во Тетово, со тешки телесни повреди е пренесен на Клинички во Скопје

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

Мицкоски: СДСМ се бори само за бизниси и тендери