Утрински Весник
Спорт

Касано: Без Бензема, Роналдо никогаш немаше да постигне толку многу голови

Касано: Без Бензема, Роналдо никогаш немаше да постигне толку многу голови

Антонио Касано, лошото момче на италијанскиот фудбал, повторно го критикува Кристијано Роналдо. Во минатото зборуваше дека Португалецот е преценет фудбалер и особено истакна дека Лионел Меси е многу подобар фудбалер. Во најновата изјава Касано вели дека Бензема е најзаслужниот за тоа што денес е Роналдо.

dobivaj vesti na viber

„Му симнувам капа за постигнување голови, но тој не е мајстор. Тој е тип на играч на Филипо Инзаги и Давид Трезеге. Не е меѓу најдобрите во светот, не е на нивото на еден Зидан и Иниеста. Тие не постигнаа ниту половина од головите што ги постигна Роналдо, но тие се генијалци“.

„Кристијано Роналдо треба секое утро да му се моли на Бога и да вели: „Ти благодарам што Бензема играше со мене во тимот“. Роналдо постигна многу голови и секогаш ќе биде така, но погледнете колку од тие голови му ги намести Бензема. Бензема е комплетен напаѓач и тоа одамна го немам видено во фудбалот. Да не беше тој, Роналдо немаше да постигнува голови толку лесно и да ја земе славата за себе“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина