Утрински Весник
Свет

Итен состанок на лидерите на ЕУ по одлуката на Путин за мобилизација

Итен состанок на лидерите на ЕУ по одлуката на Путин за мобилизација

Министрите за надворешни работи на Европската унија подоцна вечерва ќе одржат итен состанок во Њујорк, соопштија дипломати.

dobivaj vesti na viber

Состанокот ќе се одржи откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација, објави „Ројтерс“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ се во Њујорк на годишниот собир на светските лидери во Обединетите нации.

Путин претходно денеска изјави дека станува збор за делумна мобилизација, односно за регрутирање само на оние граѓани кои моментално се во резервен состав, а пред се на оние кои служеле во вооружените сили и имаат одредена воена специјалност и соодветно искуство.

Тој нагласи дека ги брани руските територии и дека Западот сака да ја уништи Русија.

Можете да прочитате

Белата куќа бара итно решение за зголемувањето на цените на горивата во САД

Иран тврди дека го погодил аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, Израел демантира

Во Амстердам затворен голем пазар за украдени податоци