Утрински Весник
Македонија

Следните денови студени утра, а преку ден променливо облачно

Следните денови студени утра, а преку ден променливо облачно

Времето утре наутро ќе биде студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени.

Во следните денови утрата ќе бидат студени, а до петок и дневната температура ќе биде под просекот за овој период од годината. Во петок ќе има услови за слаб локален дожд. Од сабота дневната температура ќе биде во значителен пораст.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата