Утрински Весник
Македонија

Тупанчески во Љубљана на средби со Флорјанчич, Мајцен и Прелиќ

Министерот за правда Никола Тупанчески за време на дводневната официјална посета на Словенија се сретна и со Дамијан Флорјанчич, претседател на Врховниот суд на Република Словенија, Бојан Мајцен, директор на Управата за извршување на санкции и Данијела Мрхар Прелиќ, директор на Управата за пробација.

dobivaj vesti na viber

На средбите министерот беше запознат со начинот на избор на судии и јавни обвинители во Словенија, затворскиот систем, функционирањето на службата за пробација. Се дискутираше за компаративните искуства, организацијата, функционирањето на институциите и мерките кои ги спровеле во процесот на зачленување во ЕУ.

На средбите беше договорено во наредниот период делегација од Словенија да ја посети Македонија и да помогне во процеот на преговори за членство во ЕУ.

Можете да прочитате

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски? 

Македонија има доволно керозин, уверува Николоски

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да застане покрај Владата во одбрана на националните интереси, Филипче сака да го надмине Заев во предавствата