Утрински Весник
Македонија

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведени две лица

На 20.9.2022 во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп – СВР Битола го лишиле од слобода Е. Д. (35) од Прилеп. При претрес во неговиот во дом во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

dobivaj vesti na viber

Исто така, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода и Д. Џ. (35) од Прилеп затоа што при преглед во патничко возило „форд фиеста“, кое го управувал, бил пронајден и одземен амфетамин.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Една година болка – 63 млади животи згаснаа во „Пулс“, Македонија не заборава

Демократијата не е само гласање, предусловите ја детерминираат нејзината суштина

Зимски циклон со центар над Јонско море ни носи заладување, дожд, се некаде и снег