Утрински Весник
Спорт

Асенсио: Не сум размислувал за Барселона

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Марко Асенсио, одговори на прашање за интересот на Барселона за него. Репрезентативецот на Шпанија ќе стане слободен агент следното лето, а од Каталонија дојдоа најави дека Барселона е заинтересирана да го доведе на „Камп ноу“.

dobivaj vesti na viber

„Искрено, не знам дали Барса ме сака во тимот. Дали исклучувам да играм за овој клуб? Никогаш не сум размислувал за тоа. Има многу шпекулации на оваа тема, што е нормално. За седум месеци можам да станам фудбалер на кој било клуб. Во оваа фаза не можам да дадам конкретен одговор за Барселона“, изјави Асенсио.

Тој не добива голема минутажа во тимот на Карло Анчелоти и на еден меч бурно реагира поради таквиот став на италијанскиот стратег.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари