Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозија во зграда во Чикаго, најмалку шест повредени

Ss2

Најмалку шест лица се повредени и итно пренесени во болница по експлозијата во станбена зграда во Чикаго денеска, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата во трикатна станбена зграда со 36 станбени единици во населбата Јужен Остин се случила нешто пред 9:30 часот, пренесе АП од местото на настанот.

Img 5587

Најмалку 10 возила за итните служби реагирале на местото на несреќата. Противпожарната служба на Чикаго побарала помош во потрага по урнатините.

„Бараме помош за да ги пребараме урнатините на оваа градежна структура“, твитна пожарникарската служба во Чикаго.

Причината за експлозијата не е утврдена, но во соопштението на противпожарната служба на Чикаго, се наведува дека членовите на единицата за експлозиви на полициската управа во Чикаго и агенти на Одделот за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви на Федералното биро за истраги (ФБИ) биле испратени на местото на експлозијата.

Од противпожарната служба потврдија дека состојбата на тројца од повредените варира од тешка до критична.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема