Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 28 мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.