Утрински Весник
Македонија

Таравари избран за в.д. претседател на Алијанса за Албанците

Алијанса за Албанците го одржа Второто собрание на кое се констатира поднесената оставка на досегашниот Претседател, Зиадин Села и воедно Арбен Таравари се избра за вршител на должноста Претседател на Алијанса за Албанците.

dobivaj vesti na viber

На овој состанок беше донесена одлука за организирање на вонредниот Конгрес кој ќе се одржи на 17 декември 2022 година, и се формира комисија за организирање на Конгресот.

На прашањето дали ќе се кандидира за претседател на Конгресот, Таравари рече: Ќе видиме, немам се уште конечна одлука. До тогаш ќе ја вршам должноста в.д. претседател“.

Пред членовите на собранието беше презентиран извештајот за последните избори за Советот на Општина Тетово, како и се донесе одлука за организирање на внатрешни избори во огранокот на Тетово.

Можете да прочитате

Претреси во Штип и Скопје поради сомнежи за менување оценки на Универзитетот „Гоце Делчев“

Бугарија врати 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено присуство на пестициди

ЛДП: Шлаканица за сите жени – дали „машкиот надзор” е новата владина политика?! Владиниот партнер е најдобар кандидат за електронска нараквица!